економија (имн.) - во (предл.)

Козите се враќаа на Балканот преку Европа, се враќаа во цивилизирани услови, како дел од модерното сточарство, како дел и од индустриското производство, кое требаше да се накалеми на балканските економии во транзиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поради таквата подредена положба на Велика Британија и неможноста да има некакво свое влијание во однос на советското напредување во Романија, Бугарија, Југославија, а и во Грција ако на власт дојдат комунистите, британскиот политички естаблишмент сметал дека би било пожелно да се направи обид барем Југославија да се придобие на британска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, дополнителна загриженост кај британскиот политички и воен естаблишмент претставувало сознанието дека во крајот на 1944 година Британците не би можеле да одговорат на советскиот воен предизвик, имајќи ја предвид исцрпеноста на својата економија во текот на војната, како и задолженоста кон САД за доделената воена помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тој потег аутоматски паѓа у вода Рамковниот договор и тие фамозни 25,17, албанското питање го решааме заувек, а со евтината кинеска роба дури и заспаната економијата во Македонија, конечно, ќе заживее.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)