есен (имн.) - во (предл.)

Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овој вид приказнава живееше сѐ до есента во 1871-та; тогаш, зашто не дојде татко ѝ да си ја земе, Драганка како што кажуваа Јанческите, на двајсетгодишна возраст се омажи за Анѓела (крстен на деда си) Атанасов Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со новинарство и тоа професионално се занимава уште од есента во 1944 година, не сметајќи ги дните од оганизирањето и соработката на „Народен билтен“, орган на велешката партиска организација во 1941 и 1942 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Велат дека е најубаво во есен да се живее во Софија и тоа секој ќе го потврди кога минал една есен во овој град, се додека не ја надвиснат првите есенски магли, некаде во ноември.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во него Хитлер му удрил шлаканица на Мусолини по капитулацијата на Италија, есента во 1943 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога во 1986 есента во Амстердам - каде во тоа време живеев - ми јавија дека Гуте починал, не можев да верувам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Папратот почна да ја отфрла својата темно зелена боја, овошките покрај потокот се прошараа со жолти лисја, но највидливо беше присуството на есента во шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Есента во 1999 година, половина година пред да ми дојде пребистрата идеја да предавам предмет за машката хомосексуалност како културна практика, дошол на чело на мичигенскиот огранок на АФА.33
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие денови по друг повод со сопругата Гзиме престојував во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на есента во 2004 година го означуваше и крајот на животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето не брзаат, како да сакаат со својата бавност да го задржат летото кое и самото не брза на својата традиционална средба со солзливата есен, онаа есен во која човекот е далеку потажен што е сам отколку во пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога дожд од лисје и ѕвезди над мене паѓаше на клупа во паркот, во мирна, сосема мирна младешка есен, додека умираше последниот здив на радоста на есента во здивот на бакнежот земен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
По нивните плитки води до каде ќе стигнам Слушам како умира времето Од есента во студот останува еден плод што праша со усните модри кај ќе стигнам.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)