естетика (имн.) - или (сврз.)

Поради сево ова, приказната за популарното (без оглед дали поаѓа од турбо-фолк естетиката или од традиционалистичкиот аутизам) за многумина веднаш ги стекнува сите негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)