ешалон (имн.) - кој (зам.)

Еве, веќе четврт век, не престанува, во ноќите на својата длабока самота, да го прави имагинарниот биланс за себе и за семејството: што ќе се случеше ако го послушаше Ататурк и ако си ја врзеше судбината за старите и особено за новите кадиски ешалони кои, сега, според урнеците на европското право, ја свртуваа судбината од Исток кон Запад, кон Европа!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Размислуваше за овие ешалони кои со нестивната борба на двоверјето длабоко, во нивните ранети души, исчезнуваа во одаите на султанските лавиринти или на воените походи од каде што некогаш како деца заминале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Римјаните си имаа свои јаничарски ешалони кои им ја тераа работата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)