жена (имн.) - седи (гл.)

Жената седи чучната крај долгунест висок сандак преполнет со играчки од децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако таа страна вообичаено беше резервирана за семејството на зетот, таа се договори со ќерка им да седи таму, оти не можеше да поднесе дури ни да седи во негова близина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговата поранешна жена седеше од другата страна на преминот меѓу клупите, до својот сегашен маж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овде почнува една голема угорница но, за среќа, брат ми уште на самиот почеток заврте лево и по едно стотина метра застана пред една масивна порта пред која имаше еден голем камен на којшто, веројатно, жените седеа приквечер.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се загледав во неа, и видов како ја поткрева раката и ми мафна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од плоштадот една жена седеше на плочникот; едната рака ја имаше испружено за просење, со другата рака придржуваше дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)