жив (имн.) - во (предл.)

Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кучињата ги прегледуваше ветеринар, откриваше од што боледуваат и им даваше соодветни лекарства, враќајќи им го расположението и живоста во нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оваа свеченост внесуваше живост во тивката панорама на пристанот во Кавала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бродовите беа големите, променливи украси на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)