живее (имн.) - во (предл.)

Личните документи го ублажуваат општото чувство на живеење во Лимб, со личните документи веќе можат да се донесуваат и животни одлуки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Му се одзема дозволата за живеење в град и сета имовина што ја има и се протерува в поле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не сте можеле да го почувствувате прикриениот шарм на живеење во спаваона со уште 20 и кусур мажи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа лето, за несреќа, и во планината каде што работите одат побавно и помирно, се случуваа нешта што го нарушуваа спокојното живеење во неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И навистина, старецот во своето долго живеење в планина, во својата постојана врска со природата, беше свикнат на еден неверојатно точен ритам на живеење, во него постоеше истенчено чувство за течењето на времето и затоа појавата на некаква умна временска направа само би го нарушувала тој ритам на установено живеење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во идеален случај, треба да ги имаш сите тие компоненти заедно – или воопшто да ги немаш. (Ова е тоа што Ворнер го нарекува „тотализирачка склоност“ на хетеронормативноста).465 ‌Со овој единствен облик на живеење се поврзани моделите на припадност во соодветна заедница, на јавниот говор и на себепретставувањето, на политичкото учество, слободата, семејниот живот, класниот идентитет, образованието, потрошувачката и желбата, општествената пројавност, расната и националната мечта, здравјето и телесното држење, довербата и вистината.466 Сите тие се поврзани со хетеросексуалноста како сексуална практика и преференција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но хетеронормативниов систем може да поднесе одредени помали варијации на сексуалната преференција без да доживее никакви значајни промени на својата основна структура – и без да ја загрози општествената доминантност на единствениот облик на живеење во кој хетеронормативноста го има својот најмоќен и најнаметлив израз. ‌Хетеронормативноста, затоа, може да го преживее крајот на монополот што хетеросексуалноста го има во сексуалниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во долгогодишното живеење во Франција, речиси цел живот посветен на француската книжевност, најтешко ми беше да привикнам на епистоларната дисциплина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Моето живеење во Скопје, можам сега слободно да кажам, го плаќав прескапо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)