живот (имн.) - добие (гл.)

Камилски во животот доби и други медали, но, сепак, тој што го стави на градите го сметаше за најзначаен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Практичната слика на животот добива свој тон, своја боја, свои нијанси во детското разбирање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа чудесна, тивка солидарност, како дел од нејзината молитва ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот живот доби нова смисла и таа почувствува дека е одново среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)