живот (имн.) - продолжи (гл.)

Животот продолжи како пред тоа... Без промени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
“Тој сево ова го објаснува со едноставниот факт, имено, таму додека живеевме, ние по грешка ја сметавме таа смрт за смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И животот продолжи, сјаен, мирен, едноличен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Телото овде наводно уште еднаш оживува, остатоците на животот се концентрираат, но само во сознанието и животот продолжува како по инерција.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
XXXVII Татковиот живот продолжи да тече без сиџилите. Му беа одземени токму кога беше пред откривањето на нивните главни пораки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сето тоа се случуваше во неделата, а веќе во понеделникот - по ручекот, откако телефонот панично ѕвонеше, а мајка ми (по кусиот разговор со тетка Јорданка) ни ја фрли слушалката сета избезумена, и замина со татко и чичко Благоја - соседот, татко ѝ на Величе, во Влае, оставајќи нѐ на чување кај тетка Ленче - мојот живот продолжи да трае без дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зашто, разочарувањето и болката ги одведуваат мислите во минатото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)