живот (имн.) - повеќе (прил.)

По Берлинскиот договор таа е сама од сите други јужнословенски земји под Турција и веќе живее таков одделен живот повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полиглот каков што беше – владееше повеќе јазици, едни совршено, други предимно пасивно, имаше во животот повеќе внатрешни битки со зборовите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеше дека Велевата душа и без неговите приказни го чувствува животот повеќе како приказна отколку што го сеќава таков, каков што си беше за аргатите, тежок, безмилостив, волчи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поправо таа се чувствуваше но за постарите и поискусните, што имаа дочекано во својот живот повеќе зими.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)