живот (имн.) - сѐ (прил.)

Ц се спаси од неколку месеци затвор, но го мачеше тоа што животот сѐ уште му остана неосмислен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но, тој ниеднаш за целиот живот сѐ до овој ден не бил свесен дека толку многу му е натопена во неа секоја жиличка од неговото ткаење, секој негов поминат ден, секоја клетва.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)