животно (имн.) - брег (имн.)

Во тој момент на среќа како од лежење врз бранови, како од предаденост на некакво лизгање преполно со тополи, не можев да ѝ го кажам она што таа би го разбрала како лудост или болест што и беше само на друг начин, на некои други животни брегови; ѝ зборував за нејзиниот прамен коса, за нејзината црвена чанта, за нејзиниот начин да го набљудува огласот за некоја бања, за тоа дека не ѝ се насмевнав поради донжуанизам или здодевност туку за да ѝ го дадам цветот што го немав, знак дека ми се допаѓа, дека ми е фина, дека патувам пред неа, за уште една цигара и уште еден чинцано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)