животно (имн.) - значење (имн.)

Наспроти Кисинџеровата стратегија на мали чекори, која го зголеми американското влијание на Блискиот Исток, да доведе до мир на повеќе фронтови, американскиот претседател Џими Картер ја спротивстави стратегијата на глобално решение (package deal), предлагајќи синтеза на круцијалните интереси на двете спротивставени страни, елиминирајќи ги нивните иреални амбиции, предлагаше во замена вистински мир од кој Израелците имаа апсолутна потреба, за сметка на целосно враќање на окупираните територии кои беа од животно значење за Арапите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но немаше многу од обете страни кои веруваа во Арафат-миротворецот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нова матура, сите остарени, а јас непроменета Кога во класот во кој си учел 4 години барем тројца ти биле симпатија, па си проплакал ноќи и ноќи зашто не те есапел, кога барем со еден си бил во долга и „озбилна веза“, која траела час, час и пол, а се завршила катастрофално (значи со раскинување), тогаш од животно значење е како ќе се појавиш на мини-матура од 30 и... години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)