животно (имн.) - искуство (имн.)

Ако за Бојс, маста и медот беа доживеана реалност, животно искуство, за московската концеп­туална школа овие два материјали беа обид за афирмација на правото за културно и национално себе-поседување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Соц-артот беше совршена демонстрација на тоа заедно со, на прво место, креациите на Иља Кабаков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сличноста на материјалите, во овој случај, се должи помалку на непосредното влијание отколку на сличноста на процесите на авто-иден­тификација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пречките и создавањето хибриди му одговараат на постмодернистичкото животно искуство. 5.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вентури се залагаше за „комплексна и противречна архитектура... којашто живее од богатството и повеќезначноста на модерното животно искуство”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Роман кој супсумира животно искуство на лингвист, дипломат, писател и на дете.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Роман што може да се напише дури откако низ рацете ќе поминат многу книги, низ душата многу премрежија, а низ срцето на детето многу сцени кои од него прават дете што се сеќава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е жена за која веруваше дека со своето животно искуство може да ја изведе на вистинскиот пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кои се вашите клучни животни искуства што ве научија што значи “неблагодарност”? 44 Со ваквото поставување на прашања и споредување на метафорите, се создава конверзациска област, усогласена област во јазикот, во која и терапевтот и пациентот чувствуваат дека меѓусебно се разбираат (Anderson & Goolishian 1988, Pask 1976, Varela, 1987).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, терапевтот може да понуди идеи од неговото (или нејзиното) животно искуство или пак од други пациенти кои имаат слични проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, таму имаше и неколку интересни карактери кои успеваа да ги анимираат своите студенти со живописноста на сопственото животно искуство - а зарем уметноста не е искуство (на руски зборот искуство значи уметност).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Интимно соголување на својата потсвест, нежност и копнеж истовремено, релјефно сликање, лирично дишење, проткаено со длабоко колоритно животно искуство кое на поетската традиција додава украс кој ја збогатува плејадата опејувачи на современото живеење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мислата како амајлија која ја води низ векот, животното искуство како мелодија која ја надополнува композицијата. (Дис)филхармонија на морфолошките истражувања, скрибомански пориви кои везат проникливи теми.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бојан, иако без поголемо животно искуство, донекаде можеше да ја разбере оваа мисла на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, од своето скромно животно искуство, сфатив дека неискрените имаат најголема болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа животно искуство ја рефлектира геополитиката на исчезнување којашто Paul Virilio ја идентифицира како еден од условите за „Чиста војна“.3 3 Paul Virilio, Sylvere Lotringer: Pure War, 1983.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мецгер го задржа својот полски пасош сè до 1948 г. кога, живеејќи во Велика Британија, одлучи да биде state- less.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дел од тие совети ние децата ќе штрбневме кога влегувавме во кујната по чаша млеко пред спиење, правејќи се дека не слушаме, додека тие двете, занесени во прикажувањето на мајка ми, ќе продолжеа со спокојниот ритуал на пренесувањето на бескрајните примери и тајни од семожните животни искуства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А и, воопшто, подозрив сум да не ги заменам описите со толкувања, конкретните предмети и практики со „опсенарски свет на ‘значења’“, да не би одбил така да ги согледам појавите онакви какви што се по себе, со сета нивна особеност, и да не го пренебрегнувам она што треба да се набљудува.113 Второ, кога психоаналитичките мислители го изнесуваат своето тврдење дека желбата го надминува идентитетот, главната цел, или главниот исход, е да се дестабилизира хетеросексуалниот идентитет, хетеросексуалноста да се ослободи од идентитетот – постапка чиј краен ефект не е да се поткопа, туку да се промовира и да се универзализира хетеросексуалноста.114 (Некои квир-теоретичари на сличен начин се повикуваат на психоанализата за да фрлат сомнеж врз стварноста на геј-сексуалната ориентација: исходот, меѓутоа, не е пресвртување на хетеросексистичкиот ефект, туку негово продлабочување.) Решавам да појдам по друг пат и да ги драматизирам границите на машкиот геј-идентитет така што ќе се занимавам со културните практики и животните искуства на самите геј-субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, вујко ми Герман кој секогаш успева да биде внимателен дури и во најбеспомошните ситуации и чиј збор поради животното искуство секогаш ја има нужната тежина, рече со тон како некого или нешто да надитрува со вистина: "Тие се како и сите други луѓе", рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За да може тоа свое животно искуство да им го пренесе на идните поколенија, за да може јасно, кратко и разбирливо да им ги упати тие пораки на генерациите што доаѓаат, народниот мудрец оставил пораки во вид на поговорки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа го избира Херцеговецот бидејќи отсекогаш живеела со него, бидејќи тој, односно она што тој го репрезентира, е дел од нејзиното најинтимно животно искуство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од случајни откритија, животни искуства, континенти, острови ,океани.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Обете приказни ги илустрираат начините на кои здравиот разум нé наведува на заклучоци кои што не се во склад со начинот на кој ние мислиме дека светот треба да работи - начини што 94 okno.mk се темелат врз верувања што ние сме ги создале преку животното искуство на набљудување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)