животно (имн.) - околност (имн.)

И еколошкиот предизвик изискува преструктуирање на сите наши животни услови, од глобалните еколошки и политички проблеми сé до најинтимните животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Значи, лесно е да се види зошто спортовите имаат демократска димензија и зошто требало да изгледа дека претставуваат облик на извонредност кон кој може да се стреми секој – облик на извонредност што му е отворен на обичниот маж и кој тој може да го цени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, барем отпрвин, сѐ што му треба е дарба, здравје и среќа – работи што не се резервирани само за повисоките класи, иако материјалните животни околности на повисоките класи поблагонаклонето му погодуваат на развојот на сите три предуслови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не му требаат пари, врски, охрабрување од спортски ѕвезди, не му треба ни повластено културно потекло, иако, сигурно, сите тие работи се полезни, особено ако сака да се издигне во спортската професија или ако сака да стане олимпиец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И мало дете знае да клоца наваму-натаму некаков предмет – не мора тоа да биде топка – и да си ги вежба спортските способности каде што ќе посака на белиов свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обемот на задачите на дизајнот не се исцрпува во дизајнот на објекти, туку токму почнува со уредување на животните околности и со обликувањето модели на однесување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)