животно (имн.) - ситуација (имн.)

Во своите најубави раскази, Пирандело го свртува вниманието кон смешните, но трагични и противречни (гротескни) животни ситуации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој во тешките животни ситуации ни ја нуди тишината како поткрепа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ЗАЛУДНО РАБОТИ, ЗАЛУДНО НЕ СЕДИ ВО СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ низ вековите нашиот народ се судрувал со разни животни ситуации.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како да сака да каже дека мислите и желбите малку ни помагаат да се извлечеме од некои непријатни животни ситуации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не бев свесна, колку всушност се работи за сериозни животни ситуации.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Добар дел од животот го поминал во доброволно прогонство (Трст, Пула, Цирих, Париз).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пишувајќи ги овие разговори ме крепеше надежта дека во нив некогаш, во некои животни ситуации, ќе најдете одговори на некои прашања што ве мачат, ќе најдете олеснување од некоја тегоба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)