животно (имн.) - или (сврз.)

На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите ние, човеку, всушност сме животни или предмети и управувани сме од ѕвездите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попусто. Не биле волшебници што со допир ќе исцерат животно или човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Обиди се да го исправиш на нозе, дај му сено. Дојди, ќе ти помогнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вака изгледаа тие две нешта, за кои не знаевме што се, дали живо или неживо нешто, дали билка, животно или камен: Ни ги подаде чудните сочиненија, сите тринаесет еднакви, како од еден обид да се нацртани сите, и ни рече: „Гледате ли што има нацртано на книгата?“ „Гледаме“, рековме. „Дали сите исто гледате?“ „Исто“, одговоривме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останал неподвижен и со раширени раце и уште повеќе сличен на црн крст. сигурен дека сѐ му припаѓа во таа ноќ пред големата утрешна битка во која над него ќе стојат други со поголем чин и попризнанена војничка мудрост, офицерот тогаш ошол да го земе коњот да го попжвлече за узда кон себе, да им ја открие на војниците својата љубов кон животните или, просто, да им ја покаже умешноста на скротувањето. И го сторил тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Холанд и неговите колеги од институтот во долината на Санта Фе трагаат по една обединета теорија која би ја објаснила динамиката на сите живи системи без оглед дали тоа се горички од дрва, колонии на бактерии, заедници на животни или човечки општества.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)