животно (имн.) - отколку (сврз.)

Тогаш гледав Опстанок, а денес се борам за опстанок и во животов гледам повеќе животни отколку што имаше сликици во животинското царство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)