животно (имн.) - ќе (чест.)

Некаде каде што заретчените диви животни ќе ми приоѓаат со своите имиња на муцките.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но униформата и оружјето, а и горчината која одвреме-навреме ја сеќаваше во устата кога некое невидливо животинче ќе претнеше во грмушките, му кажуваа нешто што и самиот веќе го знаеше – времето во кое чекори е војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Добро. Ако треба и со тоа животно ќе се зграпчиме за гуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмалодушните верувале дека се движат по патишта кон непроодна пустина во која многу бесцелни скитници си ги оставиле коските на песочна вжареност. - Судбина, значи, рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)