жито (имн.) - или (сврз.)

Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја плаќаше татко му Аврам отштетата и заедно со полјакот и шумарот го следеа каде оди за да не ги запали житата или шумата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас кажав во Прилеп ќе го дадете пететотини кила жито или 250 лири, ќе башламам, одите, вршите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)