завеса (имн.) - сѐ (прил.)

Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во темните соби вчас ќе заиграа фантомски сенки, таму каде што завесите сѐ уште не беа навлечени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)