завист (имн.) - и (сврз.)

Ми се накрева некоја завист и потреба за омраза, за одмазда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кај Симона можела да се јави завист и накнадно, со фактот што Борко станал познат човек и фактор, одлучувал за важни работи и во Војната и подоцна, можел да влијае, можел просто да одлучи, ете, да се изгради и една брана и да го потопи Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Па, познато е, на пример, дека кога едното, постарото дете, си зема улога на старател и командант, и уште ако е поддржувано од родителите, кај помалото се јавува чувство на отпор, на завист и, дури, на омраза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)