завој (имн.) - рака (имн.)

Убаво видов кога песот ме гризна, но потоа не само јас туку и Јана, а и човекот што беше дојден да ја дотера живата ограда околу градината сите констатиравме дека влезните врати во дворот и во куќата биле затворени и не постоел начин да влезе ѕвер во куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа ја извади од мракот левата грижливо завиена во завои рака, ми ја подаде и ме замоли убаво да ја разгледам. – Како ти изгледа? – праша. – И дали можеш да си претпоставиш дека несреќата се случи додека седев на работната маса во мојата соба?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)