задача (имн.) - за (предл.)

Ние треба да ја извршиме задачата за која што сме дојдени: да извршиме разграничување на овој реон...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму за нив има работа. Перење, чистење, бришење, ете борбена задача за нив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие вршеле, покрај пљачкање и злосторства, и други задачи за генералите на бојното поле: прибирале разузнавачки информации, преземале прогонувачки мисии на жртвите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако имате некоја задача за денес, не оставајте ја за утре!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
До пладне имаше уште неколку задачи за вршење, кои не беа којзнае колку итни, но кои во секојдневниот живот во колибата мораа да се свршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)