задоволство (имн.) - ги (зам.)

Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие со задоволство ги читаа балканските романи, раскази и песни на познати писатели кои се однесуваа на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истите тие што со задоволство ги таманеше во станот во Скопје, за Ружа секогаш беа промашени, обична помија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Птиците Полин не само што не ги враќаше, туку со задоволство ги ликвидираше; прво, затоа што тоа беа птици на цареви и кралеви чиишто војски ја окупираа оваа земјичка и, второ; затоа што беа многу вкусни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Признавам, во тој момент со сомневав дека таа ќе може да напише роман, од оние вистинските што јас со задоволство ги читам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во миговите на најголемо задоволство ги заривавме забите еден во друг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога ја отвори вратата, сега без изненадување, го здогледа својот прилично помлад колега Никола Гологанов кој му беше еден од ретките пријатели со кого со предизвик и задоволство ги споделуваше своите либерални сфаќања во текот на децениите на строго контролирано мислење и говорење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ама и априлскиот сончев ден во општо задоволство ги соедини и учесниците и организаторите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но сепак, со задоволство ги зеде денарите што му ги понудив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)