задоволство (имн.) - за (предл.)

Во деветнаесеттиот век религијата и затворските институции конечно ѝ ги препуштија лудите на психијатријата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеше да раскажува со непријатно очигледно задоволство за хеликоптерски напади врз непријателски села, за судење и за признанија на мислопрестапници, за егзекуции во визбите на Министерството на љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако некој простак однадвор сакал да ги види и да ужива во нивната мака, чуварите му го дозволувале тоа задоволство за малку пари, а понекогаш дури и замавнувале со камшик по телата на несреќниците, како во некаква циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Шепнав: Убава си жено. Големо е задоволството за оној што те поседува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)