заедница (имн.) - го (зам.)

Хармонијата се должела и на фактот што трите заедници го споделувале заедничкото, Аврамово наследство и верувањето во еден Бог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тоа нема вечно да трае? праша замислено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во модерната култура научната заедница го фали неслагањето како нешто корисно за збогатување на знаењето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еднаш кога заедницата го разбрала, го прифатила, го протолкувала, го сочувала текстот, тогаш нешто во него, нешто сосема друго во него му бега и му се спротивставува, нешто што привикува ново заедништво, кое никогаш не допушта целосно повнатрешнување во помнењето на постоечкото заедништво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се наре­кува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)