закон (имн.) - да (сврз.)

Затоа е неопходно да се земат сите нивни различни значења; потоа на тие што ги водат законите да им се даде она значење кое најмногу им одговара, имајќи го предвид предметот на расправата...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Копија од пресудата на Врховниот суд на РМ, не му беше доставена на интервјуерот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, на пример, како народната власт направи народни непријатели. Донела закон да ги снема козите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
2.  Установа е форма на организирање заради вршење на јавна услуга како дејност која не е подведена под трговска дејност утврдена со закон [нестопанска дејност] и која може со закон да биде утврдена како дејност од јавен интерес (чл. 3, ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)