залак (имн.) - во (предл.)

Сите седнаве, но никој не ставаше залак в уста, дури ни ние, помалите деца, загледани во сочниот тикуш, со речиси позлатените кори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти како да јадеш за двајца, - на Рада и застана залакот во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите се облечени убаво, свечено; некои гледаат право во објективот; некои се подзавртени, искосени со телата, некои се со крената чаша, некои фатени за рамења, некои насмеани, некои со недоголтнат залак во устата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ставив и залак во ношвите пред зајдисонце, го изедов изутрината при изгрејсонце, ги истрив рацете низ сребрени склопци...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко почнува да шета со очите по трпезата и го замалува вртењето на залакот во устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гого ја слушаше не за друго туку затоа што беше зафатен со потиснување на крупните залаци во прегладнетиот стомак, но кога заврши со голтањето ѝ се сврте па ја одмери како првпат да ја гледа и не да речеш да ја прекори туку ѝ се зачуди: „Мори жено, и ти понекогаш си била умна!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа стави уште еден залак во уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби надвор некаде залутала... - рече таа загрижено и го стави првиот залак во уста, - Тврдо е. Не чини месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ма не... какво соблекување... - рече тетка ми, гледајќи ме, не во очи, туку долу пред себе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ни збор да не чујам! - и си ги облече влечките што одеднаш се појавија во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од лакомија, често се засркнуваше - ѝ застануваше залакот во грлото и започнуваше да се дави, да се задушува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)