заменик (имн.) - министер (имн.)

Подоцна, стана заменик министер за идеолошки прашања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
6 Додека траеше штрајкот, работодавачот незаконски имаше вработено работници на местото на штрајкувачите, а контролите на Трудовата инспекција за тие нерегуларности остануваа потполно слепи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Со нас е заменик министерот за внатрешни работи, вели Панделеев, и сега треба сѐ да признаеш... — Нема што да признаам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заедно со заменик министерот за култура на Република Полска ги поканив во нашата амбасада во Варшава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исто така, пред, за време на штрајкот и после неговата забрана, штрајкувачкиот одбор упатува апели за помош и одржува средби со политичари, владини функционери и пратеници од овој град (вицепремиерот В. Пешевски, тогашниот министерот за финансии Т. Славески, министерот за економија Ф. Бесими, заменик министерот за правда И. Ибрахими, градоначалникот на Битола В. Талевски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Н. Котевски и др.), меѓутоа од тоа не добиваат никаква корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)