занес (имн.) - опиен (прид.)

Сонив или на јаве си велам: – засрами се смртна душо што гордо чекориш овде исчисти ја барем дамкава совест што со поглед стрела а со одвратност ја гледаш дури јас на дново седам и си редам спомени за оние малкумина со чест запретани в беда во занес опиени од лажна бесмртност – Бес и смртност има само не вознес и повисоко битисување бичување и омаловажување раскрсници без знаци за делување грешки без можност за простување дивини што бараат скротување И нема крај на овој сон сонување... – Остави простор пред заминување за оние што по тебе доаѓаат да докажат дека заслужно се раѓаат 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)