засолниште (имн.) - во (предл.)

Се обидуваа да најдат засолниште во манастирите, нудејќи им се за измеќарки, да служат колку само за лебецот и сонот под суво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега блештава и јасно црвена боја сака да ме обземе, а јас барам засолниште во меката и чадливата жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мојата позиција за жал нема тежина да “лупам по беднава шведска маса”, но затоа имам засолниште во уметноста осознаена како религија... ако воопшто тоа може да биде утеха во контактот со силните идиоти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Професионалниот уметник со идеалистички бекграунд и со засолниште во андерграундот е идеален уметник на ова и секое друго време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И паркот беше испустен, изгазен од многуте луѓе што во првите несреќни денови си најдоа засолниште во него. Изгледаше жално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Овците, говедата што дотогаш мирно пасеа по Заветна и блиските полјанки, со блеење и мукање се свалкаа кон колибата, барајќи засолниште во кошарата и трлото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлекувале по гол простор, исто така бришани со оган како осуммината горјани пред некој ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од оние што биле во засолништа во кои ни од грб не ѝ биле изложени на смртта, виделе: коњаникот во паѓањето ја пуштил сабјата за да се пречека на раце и додека се обидувал да извлече од својата стуткана здебеленост нож или кубура, Онисифор Проказник се фрлил врз него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многуте видовници на минатото претчувствувале чудовишта и претскажувале потопи и божји казни, но ни тогаш ни потоа не можеле да предвидат што ќе им ги сотре шумите - гладни туѓинци, гладни огнови, гладни болештини или самата нивна гладотија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто, тогаш, и резенките на мракот лилаво се испарувале не можејќи да најдат засолниште во корењата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повторно долго спиеше барајќи засолниште во сонот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Домот стана центар за рехабилитација, каде што го добивате она што сте го заслужиле: засолниште во кое што се практицираат семејните идеали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)