засолниште (имн.) - зашто (сврз.)

И тогаш ангелите со сиви крилја ликуваа со шестократно свиените рогови во рацете зашто сега почнуваше нивното царство...  А таа, можеше да го засака овој град...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Луѓето паѓаа безживотни по улиците на градот, а на небото страшно кричеа крилестите сили што веќе го запоседнаа целиот свод и глеадаа одгоре во несреќниците што не можеа да најдат засолниште зашто и во земуниците ги стигаа студените погледи на ангелите со сиви крилја кои ги кутнуваа на земја, без здив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)