затвор (имн.) - или (сврз.)

Дали тој за тоа беше в затвор или поради нешто друго – не знам да ти кажам зашто во тоа време изгледа се случи и едно ограбување на некоја продавница, дали во Брезница или во Ливаѓе – не знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А во Првата светска, кога малку научив грчки, морав да пеам малку погласно зашто, во спротивно, паѓаше ќотек, некој ден затвор или, како за нас, незнамитите, и казнена чета.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)