зачуденост (имн.) - во (предл.)

(Можеме да си ја замислиме зачуденоста во неговата насмевка додека ги запишувал овие редови).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Останаа тука со зачуденост во очите како да не знаат дали воопшто треба да чекаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Дипломат? – одраз на зачуденост во неговиот глас, а во очите сомнеж. - Така пишува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Фатер?“ пак праша Геманецот, а тој откри зачуденост во себе - види една Марија има отпор во своите пигменти!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)