збор (имн.) - каже (гл.)

23. КОЛКУ ЗБОРОВИ КАЖЕ, ТОЛКУ И ЛАГИ ВРЗАЛ - си ја фрла мрежата за лов во матна бара и низ високиот шевар сѐ понатаму брза за што поголема лага, за што поголема пара...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тишината на фотографијата кажува поинаку од зборовите кажува повеќе одошто си знаел пред тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секој збор кажан на мене, или на Ели, или на тато од Вера беше топол, човечки, изразуваше некаква грижа, желба да се излезе во пресрет, да се помогне, да се направи добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За тоа време капка по капка го преточуваше секој збор кажан од устите на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
НОЌНА МОРА Твојот оштар поглед без зборови кажува сé Игровен стремеж на разбушавен немир во замките на архетипско средиште Креативни потенцијали, сонувам во мракот Крвта ферментира како лудо вино.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Она што беше важно беа односите помеѓу поединците и еден сосем бескорисен гест, едно гушкање, една солза, еден збор кажан на човек на умирање, можеше да содржи вредност во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборови кажани од срце, ставам на лист хартија, за да те потсетуваат на кажаното еднаш во еден миг од животот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)