збор (имн.) - нема (гл.)

Но, и после истекот на овој новоутврден рок за исплата, таа пак е изиграна и повторно не ги добива неисплатените плати и отпремнината. 274 Сепак, Костадиновска сè уште верува дека спорот може вонсудски да биде решен, па после одржан нов состанок со директорите, добива ново ветување дека во новодоговорениот рок, конечно, средствата ќе ѝ бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај сево ова свесно одолговлекување, Костадиновска се обидува овој проблем да го реши на мирен начин, така што во дополнителен устен договор со директорите се договара средства- та да ѝ бидат исплатени одеднаш, но по три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
— А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој збор нема секогаш негативна конотација, тој се однесува и на осетот за топлина и нежност, тој е спомен од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За имбецилот, за смотаниот се вели дека е “валенки”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од различни места дојдовме во овој град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Синот знае - неговите зборови нема да стигнат до срцето на старицата: во него се таи желба посилна од секакви зборови, од секакви реалности.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тогаш, таа ја изговори својата молба со толкава простодушност што во нејзините зборови немаше ништо ни необично ни чудно: "Ако сакате да нè оставите насамо со Јосифа...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај таа никогаш отворено и со конкретни зборови немаше изразено незадоволство поради начинот на кој ја прифатила понудата од човекот на кого ни името не му го знаела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А денес? - Денес? Зборувај си што сакаш и никој ниту лош збор нема да ти рече, па и ниту лошо ќе те погледне. Демократија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зборови, залудни зборови... Зборовите нема да му помогнат да ја преживее војната, оти овој пат сè е различно и тој знаеше дека веќе нема да може да се смири.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како потврда на ова брат ми набрзо се истуши, се смири, ме потупка по рамо и скоро братски ми рече: „Добро, добро, што си гад, гад си ама поќе за тоа ни збор нема да речам. Ти само иди по мене!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Томето го гледаше немо, изненадено, бледо: „Татко, јас не знам како сум можела умо да му го свртам, кога јас со него еден збор немам разменето, освен оној пат кога се запознавме кај стрико Ѓорги.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко смирено му рече на Камилски дека денот е пред нив, а зборовите нема каде да бегаат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тие зборови нема злорадост како што ја нема ни во зборовите на слепиот иако тие имаат јасна смисла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чувствувам како ме зафаќа од длабини таа болка за која зборови немам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Но за Зоки ниеден збор нема значење.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
АРСО: Дал ти бог добро, Ефке, повели, седни.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А за бунаров, збор нема: водата бистра, студена — шарпланинска! (Се шета нервозно и се погледнува лево, нестрпливо.) Како да си го куртулам лозјето?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Нема? – се изненади мајка ми. – Баш чудно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ниту збор нема напишано за тоа – ја прекинав дури и по малку грубо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)