збор (имн.) - кај (предл.)

- И окуражен од смеата, што ја предизвикаа неговите зборови кај другите, продолжи со истиот тон да му се подбива: - Врзи си го јазикот, зарем отиде, ќе онемиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бегај, Небеско, си велам, не ти врви зборот кај овој ѕвер овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Селанките ѝ завидуваа на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)