зграда (имн.) - или (сврз.)

- Не е баш така. Цевката води во банчината зграда или се одвојува за неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Играта ја нарековме обрач, зашто пците поаѓаа однадвор, од двете страни на улицата и ги гонеа луѓето по ходниците, подрумите на зградите или меѓу грмушките и дрвјата во градините.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Достатно е само да ги разгледуваш улиците, старите згради или, пак, да се впуштиш во бесцелна прошетка низ метрото, во кое сѐ е електронизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)