зграда (имн.) - ќе (чест.)

Се разбира, конзулите не можеле да знаат дали нивните згради ќе бидат нападнати или не.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ете, таа зграда ќе има 42 ката и ќе биде висока околу 150 метри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Намерникот тукуречи на секој чекор е изненаден од тоа што често го слуша македонскиот говор, а вчудовиден останува кога на ѕидот на една неколку катна зграда ќе види табла на која на македонски, грчки и англиски со големи букви е напишано ВИНОЖИТО.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште истата ноќ, некаде околу полноќ, се качи на покривот од куќата само по маица и гаќи, замислувајќи како утрината, како во некој расказ, мајсторите кои работат на соседната зграда ќе ја најдат смрзната, но среќна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)