здив (имн.) - бев (гл.)

Но еден здив беше во тие раце, една придушена детска смеа, една недовршена игра, пресечена од тежок камион.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Клекна до горниот дел на креветот и беше толку блиску до него што тој можеше да го почувствува нејзиниот здив, а во нејзиниот здив беше и здивот на другиот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога легнав до тебе, се сврте кон мене, будејќи се, а во твојот здив беше цела електрична ноќ на нова Азија, иднината што се дигаше во тебе како светол флуид што преплави сѐ во мене, освен овој момент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Гушењето и недостатокот на здив беа причина неколку пати итно да биде префрлен во болница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)