здив (имн.) - во (предл.)

Синиша Горњак МЕДИТАЦИЈЕ ХВАТАЧА ВАЗДУХА Скопје доби нов интересен жител (Синиша Горњак е роден 1969. во Нови Сад, а поради познатите причини веќе две години живее во Скопје), а македонската млада поезија добива (навистина, на туѓ јазик, но добива!) еден нешто поинаков импулс, еден така, тивок бочен ветер во тие прилично издишани едра, еден здив во кој далечно се чувствуваат сличности, сите оние посредни и непосредни ужаси што ги проживувавме (проживуваа), и кои дури допрва ќе треба да ги разбираме и сублимираме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Често настапуваше на платоа во Метрополата, крај дрвореди, испраќаше ливчиња по реки, во отмени салони ухнуваше здив во стаклени чаши и говореше со јазик на јасновидец, излегуваше гол, со кренати раце на полна месечина, и луѓе слични на него, почнаа да одат по него, да го слават и да го тажат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Скицата е веќе дело. Нерефлектираниот медиј е мртовечки здив во огледало. И така натаму. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 13
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Нем“, се инаетеше Миклош, ама се ѕвереше без здив во високите, стрми карпи, намигнувајќи му ѓаволесто на гавазот што каскаше прибрано покрај нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Арсо шепнува и топло удира неговиот здив во увото на Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој само намигнува, без здив во себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само некаква подлипнатост и од неа дишењето стануваше потешко и носеше болни блажеви во слабините, како местото на здивот во градите да беше зафатено од нешто друго, од тоа чекорењето стануваше сосема тешко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ахаа ... сакате да кажете, ќе ме сослушате, но тоа ќе биде како монолог во ветер, шепот во воздухот, здив во студено зимско утро, кој остава трага само додека дишете?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, одамна не сум прочитал книга во еден здив во еден здив како романот Времето на козите од Луан Старова.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Толку смрдливо што не смееш ниту прозорец да отвориш! Да се потиш без здив во оваа августовска жештина!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Партијата на власт (меланж од Хард-рок тепачишта до тнр. „елитисти“), либерали-ротаријанци што не им пратиле ни пет кила леб на нивните сограѓани од Шутка, на пример, потенцијални нови центри на моќ збутани во екстремно жолти списанија, второкласни спортски клубови, море пиратирани филмови, телевизии ко видео-клубови - инертни и предвидливи, најнепрофесионалиот балкански државен весник „Н.Макетонија“ („Темница“ - популистичка глупарија, „Мртовечки здив во огледало“ - „независен“ лист со компактно најступидните колумни во историјата на новинарството) - тоа е духот на оваа средина?! Се препознавате?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во некои утра можеше да си го види здивот во воздухот, а во некои не.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)