здив (имн.) - и (сврз.)

Поради возбудата што целиот ме соборува, не сум во состојба да седнам да дојдам до здив и да починам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Нема ама”, ѝ ја затна устата Боге со долг бакнеж, од кој девојчето изгуби здив и заборави што сакало да каже - каков приговор да изнесе, како да се спротистави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А за жал, по сѐ изгледа се случи така: мигот на зачнувањето на новиот здив и новиот живот да биде обележан со знакот на смртта на учесникот во неговото создавање?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ништо не тврдам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите што го видоа ги ококорија очите, им подзапре здивот и сите, како за себе, прошепотија „машала“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скулпторот, пак, го беше засенил блескотот од скулптурата во која, се чини, тој го пресели својот здив и своето постоење. Таа му ја имаше земено и сенката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Совладаниот, оној што требаше да биде совладан и што беше совладан тука, беше тој, застанат без здив и исплашен под чамот, ширејќи ја миризбата на својот страв многу погусто отколку тоа прекрасно израснато дрво својата миризба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само еден тих разговор во него, додека стоеше, смирувајќи си го здивот и веќе не ни обидувајќи се да ги избрише студените росинки пот од сето свое лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го освојуваше секое од нив споро и мачно, а кога ќе го оставаше зад себе, имаше во градите толку здив и толку радост за да продолжи да му се приближува на следното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да? - рече Патрокле колку да земе здив и продолжи: - Те гледам мирен и млад...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трча без здив и се запира дури зад работ на втората куќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А и ноќта се стега, се растуркува со мене. Го запирам здивот и ја наслушувам ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само го потсобирам здивот и го наслушувам бучењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледале како се борат за здив и им ја мереле омразата, не по движењето на нивните усни, повеќе по задгробниот мирис што се испарувал од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога оние двајца биле готови, во исправеноста слични на голи стебла, едниот крај јамата, другиот крај преголемиот куп гранки, тишината станала помамна утеха дека сепак не ќе се случи нешто страшно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа се грчеше и искинато липаше со зафрлена глава, тој мислеше со ’рбетот дека ’рбетот ќе му прсне, и мислеше со мускулите дека мускулите ќе почнат да се кинат на танки кончиња, па после стана клопче без `рбет и мускули, без небо и корен, стана огнен здив и крцкот (Јано Јано Јано) како што беше и таа крцкот нејасен и искинат сладок бол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се исправи борејќи се за здив и свест и помина со дланка преку темето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5. И тие дни во кои сонцето само зборува молчат Ветрот мине по грмушките по лисјето душкајќи Лазачите ги штрека глуварките во пројаснетиот воздух ги развева далеку дури татни Тој гром од човечка рака пред портите на гибелта Гласот на ранетата тишина зборовите ги бара По крвта пребарува по ѕвездената роса што посега Месечината и сонцето го менуваат здивот и издивот на трепетните лисја под времето што протечува со копнежот долг по гнездото на песната што се подава Светлина во очите И чело загледано кон идната виделина на бидноста што ќе огрее по насмевката минејќи на сите уморени што сонуваат во заслонот на неизречените зборови
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Само затоа свратил во гостилницата. Да земе здив и да испие една ракија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И против губење здив и тропање на срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)