земја (имн.) - започне (гл.)

Од друга страна, пак, од европските земји започнал да се увезува шпиритус, што се мешал со ракија, и така се добивал евтин пијалок што силно ѝ конкурирал на природната ракија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со неговото идење, земјата започна да испарува, да шири мирис на темјан, на блаж; пупките на дрвјата се отворија, пуштија крилца како инсекти - чиниш ќе полетаат; се роеја во разновидни бои и со шаренило го искитуваа селото; небото зафати да се крева што можеше повисоко; блескаше сонцето чисто, биљурно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Титовите наследници остануваа немоќни пред новите налети на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата која ја претставував ги губеше своите позиции и на меѓународен план, нејзината авангардна улога и во светот на неврзаните земји започна да се маргинализира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле беше свртена страницата на историјата од владеењето на сенилниот владетел и беше запрен неговиот мит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата започна да се стабилизира и продолжи и натаму да ги почитува фундаменталните вредности на бургибизмот, врз кои и почиваше долги години нејзиниот просперитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наеднаш од темните облаци заплускаа јадри капки дожд по земјата, удираа по лисјата и ги ронеа; земјата започна да се испарува и да шири мирис на печен костен и леб; мирисот му влијае на Богдан опојно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)