земја (имн.) - наш (прид.)

Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде; да сум ја опколил сета земја, околу - наоколу и сум видел оти не можи ништо да се прибери од лоши спили и далги.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Предавниците нека си одат кај нивните господари и нека се гордеат со своето предавство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку ти лели си при мене, нема да те остаам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си ојме заедно дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Проклет да бидеш ти курвин син му реков и веднаш за коса го грабнав колку ли судбини уништи ти земјата наша од таквите страда Почна да писка, да плаче, да моли почуствува како е да биде жртва ветуваше сешто и куфери полни го заклав со нож, му распарав црева
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И дури Крсте да го дочека Митровден да се глави, стана голема промена во земјата наша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)