земја (имн.) - откако (сврз.)

Господи колкаво рачиште има, ќе си речев! (Сето ова ми се случуваше пред да ги отворам очите и пред да сфатам дека сè уште сум долу во најцрната темница). Бегав, лудо бегав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како и порано гледав како ме пристигнува на Слатинските ливади, а веднаш потоа ќе почувствував како ме поткренува од земјата откако ќе ми го фати вратот помеѓу палецот и дланката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)