знаење (имн.) - и (сврз.)

Одговорностите што би одредиле „каде одиме”, како што вие велите, се неспоиви со поредокот на утврдливото знаење и исцело со секое поимање врз кое е изградена и би рекол дури сопрена идејата на одговорноста или одлуката (свесното „јас”, волјата, намерата, независноста итн.). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, како, од една страна, одново да се потврди един­ственоста на идиомот (национален или не), правата на малцинствата, културал­ните и јазични разлики итн.?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Новите доктрини никнаа делумно поради насобраното историско знаење и поради созревањето на историското чувство, кое пред деветнаесеттиот век одвај постоеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРАКТИКИТЕ НА ЗНАЕЊЕ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаењето и сфаќањето му беа сместени во мислата и беа неоспорни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој сонуваше дека еден ден ќе дојде до почести надземни, дека логотетот нему, како на Писмородец, ќе му ја довери задачата на разгатнувањето на тајниот запис, за кој сите умни велеа дека човек неподготвен за знаење и слаб духом не смее да го види, па дури ни да влезе во источната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што претставува ова? Тоа е концизна сублимација на знаењето и праксата, не само од сопствените, туку и од туѓите видувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На западната култура секогаш ѝ требале субјекти да бидат сведоци за значењето на опстанокот и за историските тела во однос на коишто текстот на деструкцијата е запишан.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото во деструкциската уметност сведочи за тоа и нуди парадигма низ „телото на отпорот“, приватниот, сложен, значењски систем на Себе - личност која едновремено дејствува во име на индивидуалното и на општественото тело. 7 Yoko Ono: Statemant, Village Voice, October 7, 1971. 8 Eleaine Scarry: The Body in Pain: The Making and Unmaking of the World, 1985. 62 okno.mk „ч.е.т.и.р.и“ Деструкцијата е ендемска за структурите на знаење и културните услови на Запад.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Чанга занесено го слушаше, макар што му недостигаа многу други знаења и поими за наполно да го разбере сето тоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)