знаме (имн.) - во (предл.)

А бе, каде можеш на друго место да видиш разочаран човек со партиско знаме во рацете-знаме мава-глава крши и ем се смее и си пее.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да знаеш нема да биде моја вина ако старата зграда „Победа“ ја нема најголемата китка од знамиња во целата улица. Ми вети два долара.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Какво, бре, американско знаме во школо?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- А што да ставам кога не ми даваат да носам американско знаме во школо?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А после, во тоа детство, умираше секако: под француското знаме во Легијата на странците, на врел алжирски песок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така во шаторот главен беше асистентот - снимател, а Геро си ја сфати таа улога како да командува цела бригада - недостигаше уште јарбол пред шаторот и подигање на знамето во став мирно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека ја слушаше, во Татковата потсвест прерабо­ту­ваше цел механизам од претпоставки, различни хипо­тези и варијанти на опасности кои ги носело скриеното знаме во Мајкиниот таен куфер.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога не можеше да се крене или да се стави албанското знаме во окупираниот град, луѓето си ги чуваа, ги криеја, убаво ги криеја националните знамиња, за други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XII Настаните во Татковата библиотека, предизвикани од распоредот на книгите, од некое неочекувано откритие во нивните прелистувани страници, потоа разговорите на чардакот со Мајка, не остануваа без последици и врз судбината на нашето семејство. Така беше и со ненадејното откритие на старите знамиња во двојното дно на чеизниот ковчег на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова знаме во Поградец се крена по повод независноста, во 1912 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)