зрак (имн.) - и (сврз.)

Сепак нешто станало кога веќе се решил да нѐ разбуди.“ И пак тој трепереше сеќавајќи се на зракот и на `рзнувањето и брзо се крстеше како да симува пајажеста павлака од челото: „Јас чув. Ви се колнам, јасно чув.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Низ прозорецот од исток пак оној дијагонален зрак и пак зелените јасики со бели стебла спроти ридот со жолтосива аура околу врвовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ги пиеше со жедта на своите очи оскудните зраци и секој шум што доаѓаше однадвор го притегнуваше кон прозорецот, иако знаеше дека ќе ја сети пак само ладнината на железото врз челото и сувоста на правта, налепена по сивкавите лушпи на ова одвратно дрво, ќе го заскокотка грлото и сипкава кашлица ќе го наполни телото со морници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жими ова златно сонце, Леме, ќе те спасам. (Господе, сивото, снежно небо, весело се отвора над нашите глави, се јавува зрак и таа мала светлина, победоносна, ни покажува дека е тоа пролетно време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоната длабоко во мракот - кој е всушност, битието на светлоста - саноќ се напрегаш да го задржиш во сеќавање последниот зрак и да не заборавиш на себеси.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Перверзно вжарени боски на едно место возбудлива комбинација на црвено со зелено во најразлични нијанси кои ни име немаат, ама постојат гледај! и одблесоци од сонце вжештен зрак и инстинктивен страв пред вишокот              Господи.  Грешен зачеток: моќта на јазикот Јазикот е створен од фигури - живи и мртви.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Прашумата се жареше под сончевите зраци и децата, како некој да ги одмаѓосал, истрчаа врескајќи во летото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)