зрнце (имн.) - семе (имн.)

Таа магија, секогаш и кај секој автор, е поинаква од претходните.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа се мигови кога раката и хартијата, низ ритамот на ракописот, непогрешно распознаваат каков плод ќе заврзат графичките симболи кои се населуваат како зрнца семе врз белината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ора Каин сѐ подлабоко и подлабоко, раскопува некои згниени штички, некои дрвени клинови од првото рало на Адам и зрнце семе од првата сетва кое уште не про'ртело.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)